Ракометар на Бутел се бори за живот на скопските клиники и се наоѓа во тешка состојба откако рано изутрина бил донесен во болница со тешки телески повреди, пренесува 24 Ракомет.
Според медиумот станува збор за 27-годишниот Д.Т, а потврда има и од самиот скопски клуб. Засега е познато дека повредите се нанесени од тепачка или со удирање од тврди предмети, а ракометарот се бори за живот.
Од Министерството за внатрешни работи нема потврда за случајот и детални информации, но се очекува истиот да биде расчистен наскоро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА