Ракометната репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во пресрет на бараж-дуелите со Романија за пласман на СП 2023. Националниот тим ќе се комплетира во текот на утрешниот ден, кога се очекува пристигнувањето на селекторот Кире Лазаров, кој денеска со Нант го играше големото француско дерби против ПСЖ.
Покрај Лазаров, денеска свои клупски обврски имаа и бундеслигашите Филип Миркуловски и Жарко Пешевски, кои исто така од утре ќе му се стават на располагање на стручниот штаб.
Селекторот Лазаров нема многу време за подготовки бидејќи првиот меч во Скопје ќе се игра веќе в четврток, а реваншот е закажан за два дена подоцна во Букурешт.
Победникот од двомечот меѓу Македонија и Романија во втората и последна бараж рунда ќе ги одмери силите со селекцијата на Чешка, за обезбедување на билет за СП 2023.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА