Ракометарите ги добиваат противниците за ЕП 2022: Можна екс-ју група со Хрватска, Србија и БиХ!

Македонската ракометна репрезентација денеска од 17 часот преку ждрепката во Будимпешта ќе ги дознае противниците во групната фаза за Европското првенство кое ќе се одржи од 13. до 30. јануари следната година во Унгарија и Словачка.

Македонија се наоѓа во третиот шешир заедно со Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Како што е познато, на ЕП 2022 ќе има шест групи во кои Словенија ќе биде во групата „А“ (Дебрецен), Унгарија во групата „Б“ (Будимпешта), потоа Хрватска во групата „Ц“ (Сегед), Германија во групата „Д“ (Братислава), Чешка во групата „Е“ (Братислава) и Словачка во групата „Ф“ (Кошице).

РАСПРЕДЕЛБА НА ШЕШИРИ:

Шешир 1: Шпанија, Норвешка, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија
Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија
Шешир 3: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, Литванија, Босна и Херцеговина

 

Се вчитува...