Ракометарите ги дознаа судиите за дуелот со Португалија

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

ЕХФ вечерва ги објави официјалните лица за утрешниот ден од европскиот шампионат, па и македонските ракометари и стручниот штаб ги дозна судиите кои ќе бидат задолжени за делење на правдата на дуелот со Португалија.

Откако на првиот дуел ни судеа браќата од Молдавија, овојпат на центарот ќе се најдат браќата Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина.

Тие не водеа ниту еден меч во првото коло, па дуелот Македонија – Португалија ќе биде прв за нив на овој европски шампионат.

Мечот меѓу Македонија и Португалија се игра утре со почеток во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ арената во Хернинг.

Се вчитува...