Победата над Швајцарија на Европското пренство, ја лансираше Македонија во групата на носители за баражот за пласман на Светското првенство 2025 година кој ќе се одигра во Хрватска, Данска и Норвешка. Ждрепката во кој ќе го добиеме ривалот за пласман на Мундијалот ќе се одржи денеска во 14 часот во Келн.
Домаќините, како и Франција, Германија и Шведска веќе изборија место на Мундијалот идната година. Останатите 11 учесници ќе се решаваат преку бараж.
Македонија е во групата на носители заедно со Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Црна Гора, Чешка и Полска.
Нашата селекција може да ги добие некоја од следните ривали: Грузија, Србија, Фарските Острови, Швајцарија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и четирите селекции од квалификациската фаза на Светското првенство за мажи на ИХФ 2025 година. Украина или Естонија, Финска или Литванија, Белгија или Италија и Словачка или Израел.
Токму селекција којА ќе игра и први квалификации би бил најдобар можен противник за Македонија, па ваков ривал е она што Лазаров и нашите репрезентативци најмногу го посакуваат. Од непосакуваните, тука е Србија, потоа Швајцарија која ја совладавме на ЕП во Берлин, но и Фарските Острови, кои бележат извонреден напредок од година во година во ракометот.
Плејоф-пресметките се закажани за 8 и 12 мај.
ШЕШИР 1: МАКЕДОНИЈА, Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Ц. Гора, Чешка, Полска.
ШЕШИР 2: Грузија, Србија, Ф. Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Словачка/Израел, Финска/Литванија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА