Младинската репрезентација на Македонија го освои петтото место на ЕХФ шампионатот што се одржува во Варна откако во денешниот меч за пласман славеше над Украина со 26-23. Украинците изненадија со добра игра при ремито на првиот меч од шампионатот, но овојпат македонските ракометари беа на висина на задачата и стигнаа до посакуваниот триумф.
Дуелот почна со израмнета борба, а македонските младинци беа нешто подобри во завршницата од полувремето и на одмор заминаа со водство од 13-11. Почетокот на вториот дел мина во знакот на Украинците, кои за момент поведоа, но „црвено-жолтите“ беа подобри во клучните моменти од натпреварот, на крајот славејќи со три гола разлика.
Крилото Петковски беше најрасположено за игра во македонскиот табор, постигнувајќи седум погодоци, пред Шулески кој беше втор стрелец за Македонија на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА