Ракометарите ќе добијат премија од 100.000 евра за пласман во полуфинале на ЕП!

Ракометната федерација на Македонија ги определи премиите за македонските репрезентативци, во зависност од пласманот на Европското првенство во Хрватска.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на последниот собир пред заминувањето за Загреб на репрезентативците им ги најави премиите кои би ги добиле за соодветниот резултатски успех на престојниот шампионат.

„На завршниот состанок на управата и стручниот штаб на Ракометната Федерација на Македонија со машките репрезентативни сениори непосредно пред поаѓањето за ЕП2018 во Хрватска, Претседателот на РФМ, г. Живко Мукаетов најави парични премии за репрезентативците за настапите на претстојниот континентален собир. Имено, Мукаетов најави премија од 30.000 евра за репрезентацијата доколку се оствари пласман во втората фаза од првенството и дополнителни 30.000 евра (или вкупно 60.000 евра) доколку А-тимот обезбеди пласман на некое од првите 6 места на првенството. Доколку машките сениорски репрезентативци пак успеат да стигнат до полуфиналето на ова првенство (пласман во топ 4), претседателот на РФМ вети премија од дополнителни 40.000 евра или вкупно 100.000 евра за ваков висок пласман на шампионатот. По исполнување на (некој од) горе наведените услови, споменатите предлози за парични премии ќе бидат предложени за верификација до Управниот одбор на Федерацијата“ – се вели во соопштението од Ракометната федерација на Македонија.

Се вчитува...