Ракометната репрезентација на Македонија договори уште еден контролен натпревар како дел од подготовките за ЕП 2024, и тоа против селекцијата на Црна Гора.
Информацијата ја обелодени Ракометната Федерација на Црна Гора, објавувајќи дека дуелот со Македонија ќе се игра на 29 декември, и тоа на „неутрален терен“ во Стара Пазова. Со оглед на местото на одигрување, не се исклучува можноста нашите ракометари ден претходно да одиграат и пријателски меч со селекцијата на Србија.
Македонските ракометари веќе имаат договорено две пријателски средби со Грција во Скопје на почетокот од јануари, како генерална проба пред настапот на ЕП. Нашиот национален тим ќе го почне шампионатот со дуел против фаворитот Франција на 10 јануари, и тоа на фудбалскиот стадион „Меркур Арена“ во Дизелдорф.
Потоа селекторот Лазаров и ракометарите се селат во Берлин, каде ќе ги очекуваат пресметки со Германија и со Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА