Ракометните репрезентативци на Македонија попладнево летнаа за Чешка (16:50 ч), каде што утре го играат вториот бараж двомеч за пласман на Светското првенство. Ракометарите ќе слетаат во Острава, а од таму со автобус ќе заминат во Злин, каде што утре (20:15ч) ќе се игра натпреварот со Чесите.
Многу веројатно е дека избраниците на Кире Лазаров вечерва ќе немаат тренинг, а полесна подготовка ќе има утре наутро во салата каде што ќе се игра мечот.
Во Чешка не отпатуваа пет ракометари, од кои двајца поради повреди. Павле Атанасијевиќ и Ненад Костески се жалеа на повреди, а отпаднаа Кондев, Стојковиќ и Кизиќ.
Списокот на патници за Чешка:
ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски.
ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов,
КРИЛА: Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски.
БЕКОВИ: Мартин Серафимов, Томи Јагуриновски, Кире Лазаров, Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Митев, Филип Миркуловски, Игор Ѓоргиев.
ДЕФАНЗИВЦИ: Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА