Ракометарите на АЕК сакаа да го играат мечот, но добивале сериозни закани од хулиганите…!??

Веќе во голема мера се познати сите детали за конкретните причини за одлуката на раководството на АЕК да не го игра финалниот натпревар против Алкалоид вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје во финалето на ЕХФ Европскиот куп.

Клучниот проблем се бројот на добиените билети за гостински навивачи, а притоа доаѓањето во Македонија на поголема бројка фанови на АЕК, од предвидената и најавената со резервирани билети, кои биле запрени од македонската полиција. Оние, 200 грчки навивачи на кои им е првично дозволено да присуствуваат согласно договорената бројка, потоа се солидаризираат со одбиенити и не прифаќаат и тие да бидат на трибините во СЦ „Борис Трајковски“. Притоа, со закани по ракометарите на АЕК дека не смеат да го играат финалниот натпревар.

„Имавме сигнали во текот на денот дека може да се случи вакво нешто, затоа што постојано од 10 часот имавме преговори околу присуството на гостинските навивачи и нивната бројка. Но, до последно верувавме дека нема да има никаков проблем. Сепак, ете проблемот настана околу билетите за мечот“ – информираше претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски, во изјава за Македонската радио телевизија, притоа дополнувајќи:

„Согласно некои правилници ние треба да отстапиме 10% од капацитетот на салата за гостински навивачи. Тоа се околу 600 билети. Но, Министерството за внатрешни работи на Македонија донесе одлука дека нема да може, поради актуелни безбедносни состојби, да има повеќе од 200 гостински навивачи. И во договор со раководството на АЕК беа договорени 200 билети. Токму поради тоа и од АЕК пред натпреварот се огласија со соопштение дека оние кои немаат билети воопшто да не доаѓаат во салата во Скопје. Но, проблемот настана, откако беа запрени оние за кои немаше билети, тоа што и навивачите кои првично беа договорени да присуствуваат на натпреварот се солидаризираа со останатите и заеднички упатија закани до раководството и ракометарите на АЕК дека ако го играат натпреварот без навивачи ќе сносат последици по враќањето во Атина. И само поради тоа, раководството на АЕК даде насоки да не се излегува на терен“.

А, според нашите информации ракометарите на АЕК отворено посакувале да го играат натпреварот. Но, не е никаква тајна, дека во текот на денешниот ден многумина од нив добивале сериозни закани од грчките хулигани ако се одлучат да го играат натпреварот без навивачи.

„Јас знам дека многумина од ракометарите на АЕК сакаа да играат. Дури кај некои од нив гледав и солзи на очите поради сите овие случувања. Но, очигледно беа немоќно поради целата ситуација. И тие веруваа и очекуваа дека оние 200 нивни навивачи ќе дојдат во салата. Но, тие се одлучија да се солидаризираат со останатите и поради тоа раководството донесе одлука да не се излегува на терен“.

Јасно е дека единствената вистина е дека АЕК не го играше натпреварот поради страв од грчките хулигани од кои се добиваа закани дека по никоја цена не смеат да излезат на паркетот во „Борис Трајковски“. И, покрај обидите на Грците преку грчките медиуми да пренесат своја вистина.

Се вчитува...