Ракометарите на Алкалоид тргнаа за Атина (ФОТО)

Ракометарите на Алкалоид максимално фокусирани го дочекуваат неделното прв финале од ЕХФ Европскиот куп против екипата на АЕК.

Македонскиот тим во Атина ќе го очекува пеколна атмосфера, но избраниците на Лазаров се убедени дека ќе одолеат на притисокот од трибините.

Тие денеска отпатуваа во Атина каде во недела од 18 часот ќе го одиграат првиот натпревар од финалниот двомеч. Тие во добро расположение ја напуштија Автокоманда и се упатија кон 700 километри оддалеченото боиште кое ќе биде запишано како историско за клубот. Реваншот е закажан за следната недела во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...