Избраниците на Лино Червар вечерва, по пристигнувањето во Албервил, во малото место под Алпите, Моутие, го одработија тренингот пред утрешниот осминафинален натпревар против Норвешка на Светското првенство во Франција.
По вчерашниот исцрпувачки дуел со Исланд, македонските ракометари реализираа еден вид релаксирачки тренинг како начин за финална аклиматизација под Аплите во пресрет на утрешната пресметка во Албервил.
Факт е дека, како што и самите нагласуваат, ракометарите ја реализираа зацртаната цел пред доаѓањето во Франција – пласман во осминафиналето, но дефинитивно останува сега желбата и мотивот за ново квалитетно издание против Норвешка и секако да се атакува на пласман меѓу најдобрите осум репрезентации во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА