Ракометарите на Пелистер, без репрезентативците, ги почнаа подготовките (ФОТО)

Шампионот на Македонија, Пелистер ги започна подготовките за вториот дел од сезоната на домашната и интернационалната сцена.

Без осум репрезентативци, кои ќе настапат на Светското првенство, денеска беше одработен првиот тренинг, а, како што информираат од клубот, деновиве следуваат тестови и тренинг сесии во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Македонските репрезентативци: Митревски, Кузмановски, Пешевски, Петар и Павле Атанасијевиќ и Костески, Тунижанецот Хосни и Словенецот Цехте ќе се приклучат штом ќе им завршат активностите на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска.

Вториот дел од подготовките, од 1 февруари, екипата на Пелистер ќе го реализира во Стара Пазова (Србија). Првиот официјален натпревар во 2025 година е на 8 февруари против Куманово на домашен терен.

Се вчитува...