Ракометната репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир во ЕХФ-неделата, во рамките од која нашата национална селекција ќе одигра два меча против Грција во Солун.
Селекторот Лазаров на првата прозивка ги имаше речиси сите ракометари, во текот на денешниот ден ќе пристигнат интернационалците Митревски и Кузмановски, кои од утре ќе тренираат со остатокотод репрезентацијата.
На нешто повеќе од два месеци пред почетокот на ЕП во Германија, пресметките во Грција ќе бидат добра можност за воигрување на тактичките замисли на селекторот Кире Лазаров. Натпреварите во Солун се закажани за петок и сабота, а според договорот на двете федерации, во јануари ќе следат нови две средби со Грција, што ќе се играат во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА