Ракометарите на Тиквеш го освоија Прилеп

Ракометарите на Тиквеш славеа на гостувањето протви Прилеп со 24-31 во натпревар од 17. коло во Суперлигата на Македонија. Гостите уште од почетокот тргнаа фуриозно и брзо стигнаа до убедлива предност од седум гола разлика (2-9), а на полувреме заминаа со водство од 12-17.

Во вториот дел рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 24-31. Страхиња Симиќ со седум гола беше најдобар поединец кај гостите, додека кај домашните се истакна Давор Шокоски со шест гола.

 

Се вчитува...