Двократниот европски шампион Вардар денеска беше домаќин на децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“ кои присуствуваа на тренингот на првиот тим.
„На наше големо задоволство денеска бевме домаќини на децата од „Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа Скопје“, кои присуствуваа на тренингот на првиот тим на РК Вардар.
На покана на нашиот Извршен директор, Борко Ристовски децата одблиску и на самиот терен се запознаа со играчите и стручниот штаб на Вардар, го проследија тренингот и добија подароци од клубот, и заедничка фотографии со играчите за спомен. Нашата сала во СЦ „Јане Сандански“ е една од ретките што има пристап за лица во колички, и на натпреварите на Вардар често сме домаќини на лица кои вака ги следат нашите натпревари кои секогаш се наши добредојдени гости“, велат од РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА