Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Србија со 29-34 во натпреварот за третото место на турнирот на Медитеранските игри кои се одржуваат во алжирскиот град, Оран.
„Црвено-жолтите“ одлично го отворија натпреварот. Во првата половина од првото полувреме одиграа неверојатно, а во неколку наврати имаа и плус три (8-5, 9-6 и 10-7). Сепак, до крајот на првите 30 минути Србите заиграа далеку пдобро и на пауза заминаа со предност од 13-15.
Како и на претходните натпревари на турнирот, избраниците на Кирил Лазаров доживеаја пад во второто полувреме. Поискусните Срби тоа го искористија и на крајот дојдоа до лесен триумф од 29-34. Костадин Петров со пет гола беше најефикасен во нашиот тим, додека кај победникот Воркапиќ заврши со шест погодоци.
Македонија Медитеранските игри ги заврши на најнеблагодарното четврто место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА