Ракометарите отпатуваа за Романија, младинците ќе играат без публика против Хрватска

Оваа ЕХФ-седмица ќе биде максимално искористена за нашите национални селекции да одиграат квалитетни контролни натпревари како подготовка за наредните предизвици.

Така, сениорската репрезентација преводена од Кире Лазаров утрово отпатува за Романија, каде на 15 март и на 16 март ќе одигра две контролни средби со домашната селекција. Мечевите ќе бидат играни во градот Браила, при што во договор на двете селекции првиот тренинг-натпревар ќе биде организиран без присуство на публика со почеток во 18.00 часот, додека вториот натпревар на 16-ти Март ќе започне во 17.30 часот со пренос на романската телевизија TV Pro Arena.

Младинците утре и задутре во салата Автокоманда во Скопје ќе играат две пријателски средби со врсниците од Хрватска. На барање на селекторите и стручните штабови на македонската и хрватската младинска ракометна репрезентација, овие две средби ќе бидат од затворен карактер, односно ќе се играат без присуство на публика.

Кадетската машка ракометна репрезентација во раните утрински часови заминa за Црна Гора каде ќе ги одигра пријателските натпревари со кадетската репрезентација на Црна Гора, закажани за 14-ти и 15-ти Март 2024 во Подгорица.

Се вчитува...