Ракометарите подготвени за битка, еден голман остана на трибините

ЕКИПА во Солун,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација е подготвена за двомечот против селекцијата на Грција, денеска и утре во салата „Микра“ во солунското предградие Каламарија.

Селекторот Лазаров најави дека ќе им даде шанса на сите ракометари, денешниот меч од трибините ќе го следи Марко Кизиќ, кој ќе добие шанса на утрешниот натпревар.

На денешниот натпревар голманската позиција ќе ја делат Томовски и Митревски, кои се наоѓаат во одлична форма од стартот на оваа сезона.

Се вчитува...