ЕКИПА во Хрватска,
Стеван Цаневски
Македонските репрезентативци вечерва го одработија последниот тренинг во Вараждин во пресрет на официјалниот старт на светскиот шампионат.
Фактот дека во првото коло играат со главниот фаворит во групата воопшто не влијае врз атмосферата, напротив – нашите асови се свесни дека немаат што да загубат, но со добра игра и покажан карактер можат многу да добијат пред наредните прецизвици во Вараждин.
Атмосферата е позитивна како никогаш во претходните десетина години, единството во репрезентацијата е она што го потенцираат и селекторот Лазаров и капитенот Филип Кузмановски, а оние помладите едвај чекаат шампионатот да почне, за на најголемата сцена да ги покажат своите ракометни квалитети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА