По двата разочарувачки порази на стартот, машката ракометна репрезентација на Македонија конечно стигна до првата победа на Медитеранските игри во Тарагона. Во последниот натпревар, македонските ракометари ја победија Србија со 31-29 , но го завршуваат настапот на Игрите како последнопласирани во групата.
За разлика од претходните натпреаври со Турција и со Египет, во дуелот со Србија влегоа многу поконцентрирано. На средината од полуврето стигнаа до шест гола предност (13-7). Србите го засилија темпото во последните десетина минути од првиот дел, постигнаа шест, а примија само два гола и ја стопија разликата на 15-16.
Oна што го пропуштија во финишот на првиот дел, македонските ракометари успеаја да го надополнат на стартот од второто полувреме кога направија серија од 5-1 и за осум минути повторно се вратија на +6 (22-16). Но, исто како и во првиот дел, осцилациите во играта на македонскиот состав им оставија простор на Србите да се вратат во игра и на десет минути пред крај да намалат на 26-24. Сепак, на крај успеаја да го сочуваат водството и да го завршат настапот на Медитеранските игри со утешна победа.
Македонија со три бода остана на последното место во групата зад Египет кој е на третото место. Пласман во четвртфиналето обезбедија Србија и Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА