Ракометарите со порака: „Битката се води до самиот крај!“

Ракометната репрезентација на Македонија ќе има тешка задача во реваншот против Фарски Острови во баражот за пласманот на Светското првеснтво Светското првенство кое во јануари 2025 ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашитем момци ќе имаат задача во недела во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје да ја анулираат негативата од седум гола од првиот меч одигран во Торшаван (34-27). Сепак тие не се откажуваат, а пораката од сите репрзентативци е дека до крајот ќе се борат за ново големо натпреварување.

Ракометната федерација на „Инстаграм“ објави мотивирачка порака: „Битката се води до самиот крај, заедно сме посилни“.

 

Се вчитува...