Македонските ракометари со нов тренинг вечерва ги продолжија подготовките за баражот со Чешка и првиот дуел што в среда ќе се игра во Злин.
Атмосферата е на највисоко ниво, на сите им е јасно дека наредниот противник е поквалитетен од Романија, но и владее оптимизам дека Чесите ќе бидат минати, а Македонија ќе обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување.
Злин е град во кој „црвено-жолтите“ традиционално имаат проблеми да влезат во посакуваниот ритам, но Лазаров и останатите поискусни ракометари ќе го пренесат искуството на помладите, за да не се „изгори“ во малата сала во која домаќините создаваат гласна атмосфера.
Веднаш по дуелот во среда репрезентативците со чартер лет се враќаат во Скопје, каде за недела е закажан реваншот од овој бараж-двомеч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА