Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе има силни контроли како загревање за настапот аа ЕП 2026 во Хернинг.
Како што соопшти селекторот Кире Лазаров во својот извештај на денешниот состанок на УО на РФМ, во координација со раководството на „куќата на ракометот“ се договорени квалитетни подготовки во пресрет на европскиот шампионат.
Првиот собир е закажан за 22 декември, а неколку дена подоцна Лазаров и ракометарите ќе патуваат за Пореч, каде ќе играат едеи контролен меч со селекцијата на Хрватска.
По новогодишните празници ќе следи и настап на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија, каде Македонија ќе се најде во група со Бахреи, Украина и со Швајцарија. Токму по овие средби македонските ракометари ќе патуваат од Швајцарија директно за Данска, каде ќе имаат неколку дена за аклиматизација пред почетокот на европскиот шампионат и премиерниот дуел со Данска закажан за 16 јануари 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

