Ракометарите со убедлива победа во Стара Пазова ги почнаа подготовките за СП

Машката ракометна репрезентација на Македонија го одигра првиот контролен турнир во рамки на подготовките за пласман на Светското првенство кое што на почетокот на следната година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Избраниците на Кирил Лазаров во меч кој се играше 3 пати по 30 минути славеше над тимот на Нови Београд со 85-44. На овој меч шанса во нашиот тим добија сите ракометари со кои располага Лазаров.

До крајот на подготвителниот период во Стара Пазова „црвено-жолтите“ ќе одиграа пријателски мечеви и против Динамо Панчево и Саудиска Арабија. На СП Македонија во групата која се игра во Вараждин ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Се вчитува...