Ракометната експедиција на Македонија, претпладнево патуваат во Краков, Полска на Светското првенство кое покрај Полска, ќе се одржува и во Шведска.
Првата цел за избраниците на Кире Лазаров се да се мине групната фаза, во која сме заедно со Норвешка, Холандија и Аргентина. За такво нешто ќе треба минимум една победа. Доколку не успееме, тогаш ќе учествуваме во Президент Купот.
Селекторот Лазаров вчера ги одреди патниците за Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА