Ракометарите тргнаа на пат за Дебрецин (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација ја напушти својата база, хотелот „Александар Палас“ и се упати кон скопскиот аеродром, од каде „црвено-жолтите“ во 14.10 часот со чартер лет ќе полетаат во Дебрецин.

Без оглед на промената на планот со последните позитивни случаи, атмосферата во националниот тим е позитивна, а желбата за добра игра и пласман во следната рунда е на највисоко ниво.

Македонските репрезентативци утре ќе одржат тренинг во салата „Фоникс“, каде од четврток и дуелот со Словенија ќе го почнат настапот на ЕП 2022.

Се вчитува...