Македонската ракометна репрезентација веќе е во Винтертур, Швајцарија, каде избраниците на селекторот Лазаров ќе ја минат последната фаза од подготовките за ЕП 2026 што ќе се одржува во Данска, Шведска и во Норвешка.
Атмосферата во тимот е на највисоко ниво, а за денеска во 18 часот е предвиден и првиот тренинг во пресрет на „Жолтиот куп“, турнир во кој македонските ракометари за три дена ќе одиграат исто толку натпревари.
Турнирот почнува утре, Македонија во првото коло ќе се сретне со Бахреин, во второто коло на 9 јануари наш противник ќе биде Украина, додекаа во третата рунда ќе се сретнеме со домаќинот Швајцарија.
По завршувањето на турнирот македонската експедиција ќе замине директно за Данска, каде ќе одигра уште еден меч со клуб од данската Супер-лига, што ќе биде „генералка“ за стартот на ЕП 2026 закажан за 16 јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

