Македонската ракометна репрезентација се најде во третиот шешир пред квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се одржи во Германија.
Македонија со вчерашната победа над Турција, го потврди пласманот на ЕП, кое се знаеше и претходно. Португалија, противникот кој го освои првото место во групата, се најде во вториот шешир.
Во првиот шешир се најсилните селекции како Шведска, Шпанија, Данска, Франција, Норвешка и Исланд. Со Македонија не можат да се паднат Хрватска, БИХ, Полска, Чешка и Србија, со оглед дека тие се во ист шешир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА