ЕКИПА во Дизелдорф,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг на „Меркур Шпил Арена“, фудбалскиот стадион на кој утре ќе биде поствен светски рекорд за посета на ракометен натпревара, со оглед на најавените 55.000 навивачи на дуелите Македонија – Франција и Германија – Швајцарија, во рамките од А групата од ЕП 2024.
Се е подготвено за спектакл, а селекторот Лазаров и неговите избраници беа воодушевени при денешното влегување во арената, не криејќи ја импресионираноста од ова извонредно спортско здание,за овој шампионат адаптирано и за ракометен натпревар од највисоко ниво.

Едно е сигурно, утре ќе биде спортски празник во Дизелдорф, a самиот факт дека ќе биде дел од спекаклот на кој ќе биде поставен нов светски рекорд за посета на еден ракометен натпревар е само мотив плаус за нашите ракометари, во добро светло да се претстават против една од најдобрите репрезентации на денешницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

