Македонија ќе ја има улогата на аутсајдер во вечерашниот осминафинален дуел од ракометниот Мундијал против Португалија, селекцијата што не знаеше за пораз во групната фаза. „Црвено-жолтите“ не ја губат вербата дека можат да дојдат до позитивен резултат, но за такво нешто ќе им биде неопходна и поддршка од трибините, за да го дадат најдоброто од себе во обид да го изненадат фаворитот.
„Мораме со Португалците да го одиграме најдобриот натпревар на ова СП ако сакаме наредна фаза. Помошта од трибините ќе ни биде добредојдена“ – вели најдобриот стрелец во нашиот тим, Ненад Костески.
Ракометната Федерација на Македонија испрати јавна покана до сите ракометни фанови да дојдат во СЦ „Борис Трајковски“ за да му помогнат на нашиот национален тим.
Ракометната Федерација на Македонија Ве поканува на ден 14.08.2019 со почеток во 20:45 часот во Спортскиот Центар Борис Трајковски да дадеме поддршка на нашите репрезентативци за 1/8 натпревар со репрезентацијата на Португалија“ – објави РФМ на официјалниот профил на фејсбук.
Воедно, од куќата на ракометот објавија и дека мечот ќе биде директно пренесуван на ТВ Телма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА