Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години забележа тежок пораз од Исланд 17 29 во натпревар од 2. коло на Светското првенство кое што се игра во Македонија.
Македонија одлично го отвори натпреварот и брзо стигна до позитива од највисоки плус четири (5-1). Сепак, како одминуваше првото полувреме Исланѓанките заиграа многу подобро, па на пауза успеаја да заминат во егал 11-11.
Македонија катастрофално го започна второто полувреме, откако за 15 минути постигна само два гола, а Исланд стигна до највисоките плус шест 13-19. Катастрофата на нашите ракометарки продолжи и понатаму, а во 50. минута Исланд дојде и до двоцифрена предност 14-24. До крајот Исланд само не дотолчи за конечни 17-29.
За потсетување нашите девојки на овој меч ја немаа помошта на една од најдобрите ракометарки, Бојана Коцева која се повреди на дуелот против репрезентацијата на Соединетите Американски Држави во 1. коло.
И покрај поразот ракометарките се уште имаат шанса за пласман во главната фаза, бидејќи во последното коло се среќаваат со директниот ривал Ангола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА