Ракометарките ги добија противничките во квалификациите за ЕП 2026

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година. „Црвено-жолтите“ се најдоа во групата 3 заедно со репрезентациите на Германија, Словенија и Белгија.

Според пропозициите, автоматски пласман на ЕП 2026 имаат трите медалисти од последниот континентален собир (Норвешка, Данска и Унгарија) заедно со петте селекции домаќини (Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција).

Пласман преку квалификациите ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани репрезентации од вкупно шесте квалификациски групи.

Македонија настапи на последните две европски првенства за жени, серија што избраничките на селекторот Грчевски сигурно ќе се обидат да ја продолжат и во наредниот квалификациски циклус, што ќе стартува на 15 октомври 2025 година.

Се вчитува...