Женската ракометна репрезентација на Македонија синоќа ги почна подготовките за стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година кое ќе се игра во Полска, Романија, Словачка и Турција.
На стартот избраничките на Грчевски ќе одиграат два натпревари во месец октомври, прво на гостински терен против Германија во четврток, а потоа на домашен терен во Битола ќе ја пречакаат Словенија.
За потсетување првите две од секоја група одат на шампионатот, како и четирите најдобро третопласирани репрезентации. .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

