Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги стартуваше подготовките во пресрет на дуелот со Фарските Острови во рамките од квалификациите за ЕП што на крајот од годинава ќе се одржи во Франција.
Селекторот Симовски нема никакви проблеми со составот, од првиот тренинг националната селекција е комплетна, дополнително засилена во стручниот штаб со Тања Андреева.
Желбата на сите е идентична – со триумф над Фарските острови да се најават подобри денови за оваа селекција.
Првиот натпревар со Фарски Острови, македонските ракометарки ќе го одиграат на 21 март на гостински терен во Торшавн, а реваншот е на 25 март во Скопје. И двете селекции имаат по два порази во првите два меча со фаворитите Шведска и Србија и во овој двомеч ќе ја бараат шансата за прва победа во овој квалификациски циклус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА