Ракометарките на Чаир се пред елиминација во осминафиналето од ЕХФ Европскиот Куп, откако на првиот натпревар загубија од Славија Прага со 31-20 (15-8).
Чаирчанки двата натпревари ќе ги играат како домаќинки од оваа пресметка. На првата денешна немаа сили за отпор против далеку поквалитетниот противник во чии редови игра и македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска.
Најефикасни во составот на Чаир беа Теодора Дукоска и Теодора Гулоцоска со по пет погодоци, додека нашата Ангела Јанкуловска запиша три гола во победничкиот тим.
Вториот меѓусебен натпревар од осминафиналето се игра утре, исто така во Скопје, со почеток од 18 часот. Но јасно е дека ќе биде само формалност за Славија Прага која, без сомнение, веќе е на пат кон четвртфиналето во Европскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
