Ракометарките на Ѓер го освоија пехарот во Лигата на шампионите, откако во финалето играно во Будимпешта, го победија тимот на Битигхајм убедливо со 30-23. Унгарскиот тим се враќа на европскиот трон, освојувајќи го шестиот трофеј во најелитното натпреварување.
Ѓер доминираше во текот на целиот меч, и по првиот дел имаше предност од пет разлика (17-12), која ја одржуваше до крајот на мечот.
Грос и Дале постигнаа по шест гола во победеничкиот тим, а свој придонес даде и Солберг со 16 одбрани.
Третото место му припадна на Есбјерг кој славеше против Мец со 37-33.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА