Женската ракометна екипа на Ѓорче Петров речиси со двете нозе е во третата фаза од Европскиот Куп, откако денеска на првиот дуел против Тиват славеа убедлива победа од 43-22. Со тоа се стекна со огромна предност пред реваншот кој се игра во Тивар.
Речиси во „егал“ средбата беше само во почетните минути, а во втората половина од првиот дел, ѓорчепетровки се одлепија и имаа предност од дури 10 разлика на полувремето (20-10).
Во вториот дел Ѓорче Петров одигра уште поагресивно, за целосно да го дотолчи црногорскиот тим.
Реваншот се игра на 1. октомври, но речиси е сигурно дека ѓорчепетровки веќе може да размислуваат на следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА