Ракометарките на Куманово со „минус седум“ од Литванија

Литванскиот шампион Каскада Гарлијава беше поуспешен од ракометарките на Куманово со 32-25 во првиот натпревар од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот тим имаше сила само за првите десет минути кога беше 3-3, а потоа противниците успеаја да направат добра разлика, пред Куманово одново да се врати и да намали на 15-14, што беше резултат по првиот дел.

Сепак, во второто полувреме голем пад на Куманово, и одново предност направија Литванките кои дојдоа до +5. Меѓутоа избраничките на Славија Димитријески ситгнаа одново до негатива од два гола, меѓутоа немаа сили за нешто повеќе.

Голманката на Каскада, Леикуте одбрани три удари во финишот, а потоа нејзините соиграчи успеваа да реализираа за победа.

Ревнашот е на 4 октомври во Куманово.

Се вчитува...