Македонската женска ракометна репрезентација максимално интензивно ги минува финалните денови подготовки во Словенија пред последниот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2026, против Словенките кој го играме во недела (12 април) од 18 часот.
Словенките веќе, со претходната победа над Белгија, се пласираа на Европското првенство 2026, како второпласирани во нашата квалификациска група, веднаш зад Германија која исто така е пласирана.
А, Македонија како третопласирана во групата, ќе се бори да обезбеди место меѓу најдобрите четири третопласирани селекции од шесте квалификациски групи.
За остварување на таа цел ќе ни биде неопходна што подобра гол разлика, и во случај на пораз во недела од Словенките, кои секако ќе играат без некаков притисок и резултатски императив. Македонија во моментов има гол-разлика од -32 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

