Пред точно 18 години на денешен ден македонскиот спорт во женска конкуренција го оствари најголемиот успех во историјата – Кометал ЃП стана европски ракометен шампион откако во финалето од Лигата на шампионите го совлада тимот на Херц со 26-22.
Сето тоа повод за линковски поврзување на ракометарките од шампионската генерација на Кометал кои предводени од Александар Митевски и Драган Спасов – Дац на прекрасен начин уште еднаш не потсетија на големиот музички хит од пред 18 години кој го напиша токму Александар Митевски.
А, преку музичката видео-честитка Македонија уште еднаш се потсетува на Индира Кастратовиќ, Андријана Будумир, Милева Велкова, Анџела Платон, Лариса Кисељева, Наталија Тодоровска, Ања Андрушенко, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Златановска… заедно со творецот на тој проект, Трифун Костовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА