Ракометарките поразени и од Шведска на ЕП до 17 години

Женската ракометна репрезентација до 17 години, ги загуби сите шанси за пласман меѓу 9 и 16 место на Европското првенство, откако загуби од Шведска со убедливи 42-23. Овој пораз значи крај и на надежите за пласман на Мунидјалот идната година.

Поразот на Македонија беше извесен уште по првиот дел, откако Швеѓанките заминаа на одмор со 20-13, а во вториот дел целосно доминираа па само ја потврдија победата.

Сега Македонија ќе игра за пласман од 17 до 24 место и за опстанок меѓу најдобрите европски селекции. За ракометарките до 17 години остануваат уште две пресметки во четврток и во петок.

Се вчитува...