Женската репрезентација на Македонија го запиша и вториот пораз на Европското првенство до 17 години откако денеска беше поразена од Словачка со 21-34.
Репрезентативките на Словачка тргнаа силно уште од самиот старт на мечот па веќе на паузата меѓу двете полувремиња имаа солидна предност од 8-14.
Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 21-34. Димоска и Беровиќ со по пет гола беа први имиња во нашиот табор, додека кај Словачка Барткова постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

