Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од домаќинот Хрватска (18-26) на првиот дуел од Кроација Куп што се одржува во Новиград.
Домашниот тим поведе со 6-3 по десетина минути игра користејќи ги пропустите во нападот на нашиот тим. Македонија успеа да се одржи, при резултат 5-7 имаше напад за намалување на еден гол разлика, но тој напад заврши со украдена топка, лесен гол, што беше вовед за два врзани погодоци водство од 9-5 и прв тајм аут. До крајот на првото полувреме домаќинките имаа предност и од 14-8.
Во вториот дел рутински го приведоа мечот за конечни 26-18. Македонија, утре од 16 часот ќе игра против репрезентацијата на Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА