Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години забележа нов пораз на Европското првенсто.
Нашите ракометарки во натпреварот за пласман од 17. до 24. место загубија од репрезентацијата на Литванија со 24-33 Литванките уште од самиот старт успеаја да се одвојат и во текот на целиот меч да го контролираат резултатот, а на крај да стигнат и до конечен триумф од 24-33.
Три наши ракометарки мечот го завршија со по пет гола (Димоска, Лашкоска и Балоска), додека кај победникот Устилаите постигна осум гола.
Нашите ракометарки со овој пораз до крајот на шампионатот ќе разигруваат за пласман од 21. до 24. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

