Ракометарките повторно поразени од Турција

Женската ракометна репрезентација на Македонија го забележа и вториот пораз од Турција и овојпат минимални 31-30 во контролниот двомеч кој се одигра во Анкара како дел од ЕХФ неделата.

Избраничките на Љубомир Савевски и на овој меч имаа предност на полувреме овојпат од 17-19, но на крајот не успеаја да стигнат до триумф. За потсетување селекторот во овој двомеч не можеше да смета на дел од стандардните ракометарки на кои ќе може да смета во баражот за пласман на Светското првенство кој ќе го играме против Украина.

Натпреварите се закажани за месец април. Прво на 8. ќе ја пречекаме Украина на домашен терен, а три дена подоцна во унгарска Кишварда ќе го одиграме реваншот.

Се вчитува...