Ракометарките против Грција ќе ја почнат битката за СП 2021

Македонските ракометарки денеска ги дознаа противниците во групната фаза од првите квалификации за СП 2021 што ќе се одржи во Шпанија. „Црвено-жолтите“ ќе се сретнат со јужниот сосед Грција, како и со селекциите на Исланд и на Литванија. Согласно пропизициите, поради коронавирусот ќе стане збор за групно натпреварување од 27 до 29 ноември или од 4 до 6 декември, при што најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната рунда.

При извлечената ждрепка, исто така беше влечено и правото на домаќинство, кое најпрвин ќе им биде понудено на Грците. Доколку Грција одбие, втора опција за организација на овој квалификациски турнир ќе биде Ракометната Федерација на Македонија.

Најдобрите две селекции од секоја група обезбедуваат пласман во бараж-квалификациите, каде ќе ги очекуваат десет репрезентации според пласманот на ЕП 2020.

Автоматски пласман за СП 2021 имаат обезбедено домаќинот Шпанија и актуелниот шампион Холандија. Четирите најдобри репрезентации од ЕП 2020 ќе се пласираат директно на СП 2021, а сите останати ќе бидат вклучени во главната квалификациска рунда.

Се вчитува...