Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Португалија, Чешка и Шведска како дел од Групата 5 во квалификациите за ЕП 2020.
На денешната ждрепка во Копенхаген беа извлечени седум групи со по четири селекции, а Македонија се најде во петтата квалификациска група.
Квалификациите ќе стартуваат на 25./26. септември оваа година. Првите две најдобри репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на континенталниот собир. Норвешка и Данска како организатори на ЕП 2020 стандардно имаат директно учество на шампионатот кој ќе се одржи од 4. до 20. декември следната година.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕП 2020
Група 1: Победник од квалификации 1, Австрија, Шпанија, Холандија
Група 2: Литванија, Италија, Унгарија, Црна Гора
Група 3: Косово, Белорусија, Словенија, Германија
Група 4: Швајцарија, Словачка, Србија, Русија
Група 5: Португалија, МАКЕДОНИЈА, Чешка, Шведска
Група 6: Исланд, Турција, Хрватска, Франција
Група 7: Фарски Острови, Украина, Полска, Романија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА