Ракометарките против Словенија продолжуваат со подготовките за ЕВРО 2022

Женската ракометна репрезентација на Македонија, вечерва против Словенија ќе го одигра третиот натпревар од ЕХФ Евро купот. Македонија е еден од домаќините на европскиот шампионат кој ќе се игра годинава заедно со Црна Гора и Словенија, па затоа не се натпреварува во квалификациите за континенталниот шампионат, а дел од ЕХФ ЕВРО купот е и шампионот Норвешка.

Љубомир Савевски на овој меч ќе смета на 16 ракометарки, а во тимот се враќа Сара Ристовска која не го одигра вториот меч против Црна Гора на гости, а тука е и повратничката Јована Саздовска која по подолго време прави кам-бек во националниот дрес. Од друга страна Словенките на овој меч ќе бидат предводени од еден од најдобрите бекови во светот Ана Грос.

Натпреварот кој ќе се игра во Целје е закажан за во 18 часот. Вчера во првиот меч од третото коло во ова натпреварување Норвешка славеше на гостувањето кај Црна Гора со 27-32

Се вчитува...