Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир во пресрет на бараж двомечот со Романија за пласман на СП 2021.
Јасно е, противникот ќе ја има фаворитската улога, Романија има состав за респект, но клучно ќе биде избраничките на селекторот Симовски без страв да влезат во мечот, оптимистички расположени дека доколку се даде се од себе ќе може да се изненади големиот фаворит.
Првиот натпревар меѓу Романија и Македонија ќе се игра в сабота во Букурешт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА